Живот
26. August 2017 - 10:43

Родителите останале зачудени кога виделе што има покрај главата на детето: Тоа е знак!

Кога Алиса Зек и Зак Смит ја виделе фотографијата од ултразвукот на својата неродена ќерка, знаеле дека тоа е Божји знак. Покрај лицето на бебето во аголот од фотографијата се наоѓало уште едно лице, а родителите тврдат дека станува збор за Исус кој гледа во нивното дете.

- Кога ни ја дадоа фотографијата, за мене тоа веднаш беше Исус. И личи на Исус, изјавила мајката Алиса од Чамберсбург во американската сојузна држава Пенсилванија. Со не се сложил и таткото Зак.

парот вели дека не се претерано религиозни, но дека оваа фотографија им дала надеж затоа што предходните две деца се родени со малформација. Ќерката им е родена со два палци на едната рака додека синот има на усната и непцата.

Но оваа фотографија за парот било знак дека нивната ќерка ќе се роди потполно здрава без никакви физички недостатоци, а така и било кога малата Бриела дошла на свет.