Балкан
19. July 2017 - 16:02

Родителите на монструмот не дојдоа на погребот на внукот Михајло (4): Сама ќе одам на гробот и ќе запалам свеќа!

Мајката на Марко Николиќ, кој минатата недела ја уби својата поранешна невенчана сопруга Маја и нивниот син Михајло (4), рече дека сопругот и таа не му биле на внукот на погребот зошто сакале да го избегнат конфликтот со семејството на Маја Ѓорѓевиќ.

-Толку работи се објавија во весниците, што повеќе не се знае вистината. Не дај боже никому да му се случи она на нас што ни се случи. Нема оправдувања за тоа што синот го направи, незнам како ќе го преживееме сето ова...Михајло беше душа од дете, паметно, воспитано, интелегентно, секогаш насмеано, едно весело дете, вели мајката на Марко Николиќ.

Таа додаде дека на внучето ќе му запали свеќа и ќе го посети гробот, но далеку од очите на јавноста.

-Ве молам, пуштете не да жалиме и за внучето и од него да се простиме онака како што ние знаеме, рече расплаканата жена.

Да потсетиме, Марко го гледал детето и го предавал во просторите на Центарот за социјална работа. Во текот на последната посета, кога синот требало да го врати на мајката, го донел онесвесетен, а мајката која притрчала да му помогне, ја избодел до смрт.

Исто така на една социјална работничка и отсекол прст, а друг го исекол по лицето, по што е уапсен.

-На детето до последен ден му збореше дека ќе го заколе и него, и мајка му и тетка му, открива тетката Бранислава.

Таа со сестрата минатата година платила вештачење во Институтот „Лаза Лазаревиќ“ каде е утврдено дека има дури 6 нарушувања на личноста.