Македонија
11. May 2021 - 11:48

Родителите излегуваат на протест, бараат и задолжителен референдум за реформата во образованието

Родителите вo сабота излегуваат на протести против најавената реформа на образованието. Централниот протестен марш ќе се одржи во Скопје точно напладне, а според најавите од Иницијативата "Учебници и настава мора да има" ќе се протестира и во другите градови.

Драгана Спасевска од Иницијативата вели дека наместо решение за барањата на родителите, МОН се служи со манипулации.

“Надлежните остануваат глуви на нашите мислења, барања и ставови, со манипулација, демагоии и празни флоскули, надлежните сакаат да ни наметнат „РЕФОРМИ“ кои никако не се во интерес на здрав и правилен раст и развој на нашите деца“, рече Спасовска.

 

Даниел Василев