Живот
23. May 2018 - 18:35

Родителите го тужат синот оти не сака да се исели од нивниот дом

Родителите на 30-годишниот Американец Мајкл Ротондо го тужеле нивниот син оти не сакал  да се пресели од куќата и да живее сам.

Судските документи покажуваат дека тој не плаќа станарина и не помага во домашните работи, а ја одбил и понудата на неговите родители да му ја платат преселбата.

Кристина и Марк Ротондо тврдат дека Мајкл и по пет писма во коишто се известува дека мора да се исели, тој одбива тоа да го направи, тврдејќи дека „не го известиле навреме".

Откако ги разгледал аргументите на двете страни, судот наредил Мајкл да биде исфрлен од куќата.