Живот
25. May 2017 - 15:32

Родителите ги спремале за најлошото - нивното дете болно од рак отворило очи и кажало нешто трогателно

По сите третмани кои ги примила во октомври месец 2013. година, малата Аби ја загубила вербата дека ќе оздрави, а нејзините несреќни родители наместо да ја гледаат како си игра со врсниците на улица, со голема болка се подготвувале за погреб. 

На малата Аби која имала леукемија, и биле направени операции и третмани, добила нова коскена срж, но и била дијагностицирана нова болест, болест во која донираната срж го напаѓа телото. Почнале да му откажуваат бубрезите на малото девојче, било префрлено на Интензивна, а иако лекарите немале надеж и им рекле на родителите да се подготват за најлошото, се случило вистинско чудо. 

Иако докторите на малата Аби и дале 48. часа живот и ја однеле на дијализа, таа успеала да се опорави и да остане жива. Малиот борец Аби почнала да оди, а ракот се повлекол. Малото девојче рекло дека има уште многу да проживее.

Докторите се сложиле дека таа е медицинско чудо.