Свет
14. јуни 2017 - 16:38

Родителите ги фрлале своите деца од кулата која горела: Дете (5) и бебе паѓале од 10-ти спрат

Во очајнички обиди да ги спасат прво своите деца па себе, заробените луѓе во кулата Гренфел превземале радикални чекори па ги фрлале своите деца низ прозорите на кулата која била зафатена во огнена стихија. 

Самира Ламрани е една од очевидците која потврдила дека видела како една жена го фрла своето бебе низ прозорот од деветиот или десеттиот спрат на кулата врз луѓето кои биле соберени во подножјето на зградата.

- Луѓето се појавуваа на прозорите, мавтаа со телефони и постелнина, а една жена го фрли своето бебе од прозорот. Прво повика помош а потоа мавташе и гестикулираше објаснувајќи дека ќе го фрли своето бебе, луѓето доле да се обидат да го фатат - рекла таа.

Според Скај њуз бебето го фатил еден од луѓето насобрани пред зградата, но не се знае со сигурност дали тоа преживеало.

Истото ова го направиле и родители од шестиот спрат фрлајќи го својот 5-годишен син низ прозорт. Дедето за сета среќа преживеало и се здобило само со неколку скршеници и модринки, додека за родителите на ова дете не се знае сеуште дали преживеале.

Инаку уште неколку луѓе скокнале од прозорите според зборовите на очевидци, кои потврдиле дека можноста на луѓето да скршат неколку коски била прифатена во споредба со онаа да умрат во оган.