Балкан
28. November 2017 - 12:10

Родителите бесни: Децата по сударот ги оставиле да пешачат 7 километри низ снежни виулици

Двајца ученици од Основното училиште „Миломир Ѓаловиќ“ во Сушица кај Бијело Поље, се полесно повредени вчера утро кога училишното комбе се превртело во местото Сипање.

Поради напрсната челна коска и нагмечување на градниот кош на болничко лекување се задржани Д.Л. (15) и М.Е. (11). Иако се работи се полесни повреди децата се задржани на натамошна опсервација.

По прегледот на домашно лекување се пуштени Е.Л. (10), Д.Л. (14), Д.Л. (15), А.Е. (10), Е.Б. (14) кои главно се жалеле на болки во вратот.

Директорот на училиштето Хидајет Мекиќ соопшти дека во комбето се наоѓале 15 ученици, но родителите и учениците тврдат дека имало внатре двојно повеќе.

До незгодата дошло кога комбето со кое управувал Рифат Адровиќ (50), превезувајќи ги децата од правец на Сипање, во многу остра кривина, поради лизгавиот коловоз, изгубил контрола и се лизнал од патот и се превртел.

Родителите на учениците рекоа дека се огорчени зошто комбето немало ланци и што по несреќата директорот и возачот децата ги пуштиле да пешачат до своите домови, а некои од нив имале и повеќе д 7 километри пат.

Тврдат дека директорот  Мекиќ барал од децата да не им кажуваат на родителите што се случило.

Еден од нив, Харун Личина раскажа дека е огорчен што децата ги пуштиле дома веднаш по превртувањето на комбето и дека родителите потоа сами ги носеле до болница:

-Никој од училиштето не не извести што се случило. Ниту им пружиле помош на нашите деца.

Еден од учениците рекол дека пред несреќата возачот кукал и сите врескале, а во комбето имало 31 ученик.

На патот имало снег во висина од 15 см. На патот не бил фрлен песок, туку тоа се случило подоцна по несреќата. Извесно е само дека комбето возело со зимски гуми.

По тврдењето дека во комбето имало повеќе деца, микиќ вели дека „денеска ќе ги преброи“.

-Можеби имало меѓу 15 и 20, но не повеќе... Сигурно немаше 30 зошто јас прв стигнав на самото место. Ги прашав дали се добро, дали на некој му треба лекар да го однесеме во болница, тие рекоа дека се добро па ги испратив да си одат дома, вели Мекиќ.

Тврди дека децата ги пуштил дома за да не креваат паника, зошто родителите да ги повикувал по телефон немало да веруваат дека се добро. Истакна дека не им зборел на учениците да не зборуваат што се случило, туку дека само ги охрабрил.