Живот
27. December 2017 - 20:19

Родители монструми ја држеле ќерката заклучена 15 години: Ја изгладнувале и ја оставиле да замрзне од студ

Јапонската полицијата во средата уапси двојка која својата 33-годишна ќерка ја оставила да смрзне до смрт во малечка соба во која ја затворие пред 15 години зошто верувале дека имала некакво психичко пореметување поради кое станала насилна.

Телото на Аири Какимото е пронајдено во состојба на екстремна неухранетсот кога родителите ја пријавиле нејзината смрт во саботата. Имала само 19 килограми.

Полицијата рекла дека Јасутака Какимото (55) и Јукари Какимото (53) признале дека и давале храна на својата ќерка само еднаш дневно и дека ја држеле во соба 3 со 3 веќе 15 години.

-Нашата ќерка беше ментално болена, а од 16. или 17. години стана и насилна па ја држевме во соба, рекле во полицијата.

Од полицијата наведоа дека во собата во која престојувала Аири имало видео надзор, а собата имала две врати кои можеле да бида отклучени само од надвор. Во собата наводно се наоѓала и вц шоља.