Македонија
19. November 2019 - 14:06

Родители донеле мртво новороденче во Клиничката болница во Битола

Мртво новороденче било донесено вчера од страна на родителите во Клиничката болница во Битола.

Вчера околу 13.35 часот од болницата во СВР Битола било пријавено дека кај нив е донесено починато новороденче без траги на насилство.

Полициски службеници констатирале дека бебето било донесено од родителите Р.А.(24) и Р.Н.(24), двајцата од Битола.
 
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде предадено за обдукција.