Македонија
25. јуни 2019 - 16:07

Родилката од Охрид починала од сепса на раната на царскиот рез - комисија ќе ги провери лекарите

Стручна комисија ќе проверува дали има лекарски пропуст во третманот на починатата родилка Марија Пупунцоска од Охрид. Ова од министерот за здравство го побарале од ДСЗИ кои при вонредниот надзор не констатирале недостатоци во медицинскиот третман. Инспекторите го провериле матичниот гинеколог, документацијата во охридската и скопската гинекологија како и на КАРИЛ. Утврдиле дека се било согласно протоколите, но за да се расчистат сите сомнежи, инспекторите бараат и контрола на стручната работа на медицинскиот персонал кој ја третирал 29 годишната охриѓанка.

Стручната комисија треба да даде одговор зошто 5 дена по породувањето кај жената настанале компликации и која е причината раната од хируршкиот рез да загнои. Иако првичните лаборатоириски анализи укажале дека станува збор за СЕПСА, обдукцијата треба да покаже дали навистина сериозната инфекција и ја влошила состојбата на пациентката на која во тинејџерски години и бил откриен “Лупус” системско заболување кое напаѓа повеќе органи. Семејството се сомнева на лекарска грешка, а од охридската болница тврдеа дека направиле се што треба.

Пупунцоска била породена пред 2 недели во охридската болница, а пред 6 дена почина на КАРИЛ. Женското бебе е во добра состојба и вчера е предадено на семејството.