Македонија
24. јуни 2019 - 16:51

Родилката од Охрид не починала од гинеколошки компликации

Смртта на младата родилка ја разбранува охридската  јавност.Како згасна животот на 29 годишната Марија Пупунцоска која на свет донесе женско бебе семејството одговорот го чека од обдукцискиот наод. Тие видно вознемирени не сакаа да зборуваат пред камера но  потврдија дека докторите иако знаеле за нејзината здравствена состојба во која се наоѓа и ја воделе како пациент со ретка болест никој од нив не ја препратил на Клиника во Скопје. Нејзиното бебе кое е здраво и во добра општа состојба  денеска е предадено на семејството.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат ја проверува докумантацијата и третманот во охридската и Скопска гинекоголија и на Карил каде во четвртокот почина родилката .

Првичните лабораториски наоди од  скопските клиники укажуваат дека таа починала од сепса но сепак ќе се чека обукцијата за да се потврди причината за смртта. Од општата болница преку соопштение се огласија за случајот и велат дека

На 11. 06. е примена пациентка на 29 годишна возраст првородка во термин за породување.

Со хронична системска болест LUPUS и од детска возраст со имуносупресивна терапија.По направениот царски рез оперативниот и постоперативен тек бил уреден така што петтиот ден по породувањето поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено да се препрати на Клиника во Скопје за понатамошен третман.

Во текот  на престојот на гинеколошкото оделение  во Охрид земен бил брис од рана од родилката и истиот бил  стерилен.

Следниот ден направена била ревизија и  констатирано било дека е исклучена гинеколошка компликација .

Од охридската болница потенцираа дека навреме биле преземени сите потребни мерки за да се спаси животот на младата  охриѓанка.