-->
-->
Родила четворка, а кога ги видела бебињата - не можела да дојде при себе!
-->
Миранда и Џош Крафорд имале проблем со зачнувањето, па затоа посетиле доктор и со вештачко оплодување станале родители. Но, тоа било само почеток на нивната фантастична приказна, пишува „Littlethings“.
Како медицински техничари, отсекогаш сакале големо семејство - најмалку три или четири деца.
Откако го родила првото дете Миранда сакала уште, па една година потоа посетила доктор. Тие во нејзината матка вградиле два ембриони, а по шест недели ја информирале дека ќе добие близнаци.
Но, четири дена после тоа, следувал вистински шок - Миранда и Џош дознале дека ќе станат родители на четврока!
- Јас бев шокирана, исто така и докторите. Вакво нешто не виделе во својата кариера, - изјавила Миранда.
Целата бременост била премногу тешка, а Миранда мислела дека ќе абортира или дека предвреме ќе се породи. Но , се поминало во најдобар ред.
Сепак, малдите родители ги очекувал уште еден шок. Миранда не само што родила четворка, туку и два пара близнаци!
- Делење на ембрионот се случува еднаш во сто случаи на вештачко оплодување. Ваков процес може да се случи и во природно зачнување, но е многу поретко, изјавил докторот Џејмс Грифо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари