Живот
2. February 2017 - 20:07

Роден е во Скопје, беше легенда на Југославија - почина славниот спортист

Мирослав Читаковиќ е еден од најдобрите индивидуални спортисти и тренери на Југославија. Лошите момчиња од улиците на Србија велат, не можеш да бидеш почитуван ако не го знаеш него.

Тренерот почина на 80 годишна возраст, а инаку е роден во Скопје во 1937 година. Заврши Правен Факултет во Белград, а во својата спортска кариера освои многу медали и трофеи, а го почитуваа и млади и стари. Тој е легенда.

Секогаш изјавувал дека најважно му е да шокира и да се двои од другите, како и да се доведе до совршенство.

Тој ги тренираше и лошите момчиња како Кристијан Голубовиќ.