Фудбал
7. јуни 2016 - 10:49

Роде официјално во Борусија Дортмунд

 Себастијан Роде од наредната сезона ќе го носи дресот на Борусија, потврди бундеслигашот од Дортмунд. 
 
Борусија на големиот ривал Баерн за овој трансфер ќе му исплати 12 милиони евра со дополнителни 3 милиони во зависност од настапите на играчот од средниот ред.
 
25-годишниот Роде, за Баерн изинатата сезоба настапи на 16 натпревари на кои постигна само еден гол. 
 
Тој во Дортмунд доаѓа како замена за Гундоган кој се пресели во англиската Премиер лига, во тимот на Манчестер Сити и тоа како директна желба на новиот тренер Пеп Гвардиола.