Македонија
23. October 2018 - 16:20

Робертсон: Ѕвездите се поставија за Македонија

Дојде мигот кога сите во Македонија треба да гледаат кон иднината и да го одбранат националниот интерес на земјата, порача поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон во своето обраќање во Атланскиот совет на панел дискусијата посветена на нашата земја. Според него, референдумот беше организиран да го избрише зборот „Фиром“ од мапата на светот, бидејќи означува целосно минимизирање на македонскиот идентитет.

Тој смета дека ова е генерациска прилика за Македонија, која тешко дека ќе се повтори во следните 30 - 40 години.

-Совпаѓањето на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, двајцата да најдат заеднички јазик е како ретко порамнување на ѕвездите. Такво нешто нема да се повтори во следните 30 или 40 години, укажа Лорд Роберстон. Додаде дека опозиционерите на Договорт од обете страни, од Грција и Македонија, треба да бидат прашани каква е алтернативата.

На панелот било разговарано и за руското влијание на кампањата за референдумот, преку подмитување на црковни лица, воени официјални лица и други националистички здруженија да организираат протести со цел спречување на влезот на Македонија во НАТО.