Loading Video...
Ракомет
13. September 2018 - 13:15

Р.Н. Левен и Талевски се радуваа на победа над Барселона

Со четири натпревари кои беа одиграни синоќа започна новата сезона во ракометната Лига на шампиони 
 
Германскиот Ранј-Некар Левен за кој настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, забележа победа пред својата публика над шпанската Барселона со 35:34. 
 
Талески не успеа да се запише во листата на стрелци, но затоа пак, Жарко Пешевски впиша три гола зад своето име во дресот својот нов клуб Мотор Запорожје кој пред својата публика ПСЖ загуби со шест гола разлика.
 
„Светците“ предводени од новиот тренер, Раул Гонзалез, славеа победа со 35:29. 
 
Овие два меча се играа во рамките од „поквалитетните„ групи А и Б, додека во дуелите од Ц групата, Динамо Букурешт го победи Елверум со 26:24, додека дуелот меѓу финскиот Рихимаен Кукс и шпанскиот Адемар Леон заврши без победни 19:19. 
 
Претстојниот викенд своите први дуели од новата сезона ќе ги одиграат и двата македонски претставници. 
 
Шампионот Вардар ќе има тешко гостување кај актуелниот европски првак Монпеље во сабота од 17:30 часот, додека два часа подоцна (19:30) Металург гостува во Лисабон кај Спортинг.