Македонија
27. March 2020 - 17:27

РКЕ предупредува на ниско ниво на наплата на електричната енергија

Само 30 проценти е наплатата на сметките за струја, велат од регулаторната комисија за енерегтика. Од таму посочуваат дека по започнувањето на кризата со коронавирусот многу малку од граѓаните ги плаќаат фактурите.

Комисијата е во постојана комуникација со енергетските компании за да се најде модел и да се олесни плаќањето на сметките кои ќе им бидат испорачани на домаќинствата во следниот период додека трае вонредната состојба.

Свесни сме дека многу од потрошувачите ќе имаат тешкотии да ги платат сметките за струја, вода и парно и затоа сега дефинираме модел како да го олесниме плаќањето. Сепак ние како регулаторна комисија за енергетика го штитиме интересот на потрошувачите, но и се грижиме за сигурност и стабилност на испораката на електричната енергија до сите потрошувачи во оваа вонредна состојба. (моделите кои се разгледуваат се на рати да се платат месеците на режиски трошоци во вонредна состојба – да се дефинираат ратите- или да се платат одеднаш без камата, се вели до дописот од регулаторната комисија) .

За 30 отсто ќе се намали и цената за приклучок на парно со цел да се зголеми користењето на топлинска енергија.

По опсежни анализи и имајќи ја во предвид сосотјбата со енергенсите сме пред одлука да ја намалиме цената за приклучок на парно греење за околу 30 проценти, соопштуваат од РКЕ.

Сите анализи покажуваат дека греењето со топлинска енергија е најефтино и еколошки најприфатливо. Затоа РКЕ веќе достави до Министерството за транспорт предлог закон за изменување и дополнување на Законот за градба со кој бараме во одобрението за градба точно да е наведен и начинот на греење, како и точно да се знае однапред во кој дел од општините на што ќе се греат домаќинствата.