Бизнис
9. January 2020 - 16:35

РКЕ: Опасност од драстичен раст на нафтените деривати засега нема

Засега нема опасност од ценовни шокови кај нафтата поради американско- иранскиот конфлик , тврдат од регулаторната комисија. Скок е  регистриран кај цената на суровата нафта, но кај дериватите кој се внесуваат  во земјава  цените се стабилни, а и курсот на доларот. Сепак  дококу дојде до  продлабочување на кризата меѓу двете земји  со опасност ќе се соочи глобалната економија. Од РКЕ велат дека будно се следи целата ситуација.

Според Бислимовски последниве години многу е тешко да се предвидат цените, затоа  што земјите кој се богати со нафта не се стабилни.

По нападите на две американски бази во Ирак од страна на Иран цената на нафтата се доближи до 70 долари за барел.

Македонија најмногу нафта  увезува од Грција, а помали количини од Србија, Бугарија и Албанија.