Бизнис
30. July 2020 - 16:33

РКЕ не се согласува со нереалните барања на компаниите за поскапување на струјата - одлука утре

Поскапување на струјата и укинување на дневната евтина тарифа се двете сценарија на маса пред Регулаторната комисија за енергетика. Што ќе биде прифатено, ќе се знае утре. Според информации на Сител, државната  ЕСМ побарала 10% поскапување, нешто помал процент ЕВН и МЕПСО. Но голем дел од пријавените трошоци на енергетските компании, по кои се формира крајната цена, за Регулаторна се неприфатливи.

-Предлог одлуките кои се поставени и на страната на Регулаторната комисија се детални анализи на трошоци кои  ги имаат поднесено енрегетските компании во однс на формирањето на новата цена. По истите пристигнати забелешки  во моментов повторно се анализираат дали се издржани или не. Одлуката за новата цена на електричната енергија ќе биде донесена утре, се вели во дописот на РКЕ.

Според информациите на Сител, во Регулаторна се разгледува и опцијата за укинување на евтината тарифа преку ден, која беше воведена во 2017та година и едно од главните тогашни предизборни ветувања на СДСМ.

Кое решение е најприфатливо во моментов, за да се задоволат сите страни, вклучувајчќи ги и најзасегнатите – домаќинставата, кои ја плаќаат крајната цена, од Регулаторна не откриваат. Велат само дека кај нас струјата е најевтина, а тренд во регионот овој период е зголемување на цената. Инаку, новата цена ќе биде вкалкулирана во септемвриските сметки.

Утре ќе се знае и новата цена на парното греење, која се очекува да се намали.