РКЕ ќе ја допрецизира методолгијата за утврдување на цената на нафтените деривати
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работи на измени на правилникот за определување на малопродажните цени на нафтените деривати, но тие нема да влијаат врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Во овој момент, инфрормира, собираме податоци од поголемите трговци со нафта и нафтени деривати на кои им имаме издадено лиценци и врз основа на податоците што веќе ги добивме правиме анализа за тоа што значела методологијата за определување на цената на нафтата и нафтените деривати, што е во сила. – Очекувам во наредниот период да има соодветни измени на нашиот правилник за определување на малопродажните цени на нафтените деривати, но тоа нема да има влијание врз крајната малопродажна цена што ја плаќаат граѓаните, рече Бислимоски на прес-конференција.
Тој нагласи дека РКЕ само уточнува и допрецизира некои податоци коишто се во рамки на постоечката методологија за утврдување на малопродажните цени за нафтата и нафтените дерват
Ново на Сител
-

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“
-

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност

