Бизнис
16. October 2020 - 16:39

РКЕ ќе бара оптимизација на испораката на топлинска енергија

БЕГ да испорачува помалку топлинска енергија во енергетски ефикасните објекти, што ќе значи и пониски сметки за парно. Во моментов, со стартот на грејната сезона, во некои домови  било претопло, а во постарите згради преладно. Затоа првиот човек на Регулаторна, ќе побара оптимизација на начинот на греење.

Од БЕГ побаравме да го оптимизира  начинот на кој овие згради  со висока енергетска ефикасност ќе ја добиваат топлинската енергија бидејќи не можат да важат истите услови и за новите згради,  а да важат и за постарите згради. Да не се доведуваме во ситуација да имаме станови со 25-26 степени и граѓаните да ги отвораат прозорците, а енергијата да оди во ветер, изјави Марко Бислимовски, претеседател на Регулаторната Комисија за енергетика

Од градежната Комора пак, бараат во новоизградените објекти за домување, сите станови да бидат приклучени во системот на греење, а не како сега, половина зграда да плаќа, а останатите исклучени домаќинстава да не плаќаат ништо, а индиректно да се греат. Во секој стан ќе има калориметар, чиј трошок за вградување ндиректно ќе го платат купувачите.

Регулаторна се уште чека одговор од министерството за транспорт околу предложените измени во законот за градба, каде однапред при самото издавање на одобрението за градба ќе се знае дали објектот ќе се приклучи на централното градско греење или ќе користи друг вид енергија.