Loading Video...
Ракомет
13. May 2019 - 18:14

РК ВАРДАР: Заминуваат само играчите што имаат нови клубови?!

    Ракометарите на Вардар се во фокусот на домашните спортски случувања и поради настапот на завршниот турнир од лигата на шампионите во Келн но и поради перестројката во клубот по најавата на главниот спонзор Сергеј Самсоненко дека и понатаму ќе го спонзорира клубот со помош на нови акционери.           

Во пресрет на  завршниот фајнал фор на кој Вардар во полуфиналето ќе игра против Барселона, Европската ракометна федерација денеска објави прекрасно видео на кое го претстави македонскиот првак  и неговите успеси во сезоната која финишира.

                Ракометарите во меѓувреме добија екстра мотив по информациите дека клубот ќе се стабилизира за следната сезона и ќе продолжи да игра на врвно ниво на европската сцена.

                Од канцеларијата на црвено-црните во тој правец информацијата дека клубот ќе можат да го напуштат само ракометарите кои веќе имаа договори со други клубови како Рожерио Мораеш, Игор Карачиќ и Даинис Криштопанс.  Останатите ќе останат во клубот и за следните предизвици за што е направен и состанок со управата на чело со почесниот претседател Михајло Михајловски  кој е вклучен во програмата за спас на проектот Вардар кој сигурно многу значи за македонскиот спорт но и за европскиот ракомет според рејтингот и квалитетот кој го постигна за кратко време.

                Црвено – црните во меѓувреме се подготвуваат за стартот на завршниот фајнал фор од лигата на шампионите кој се игра на први и втори јуни во Келн.