РК Вардар со соопштение пред мечот со ПИК Сегед
Од понеделник, 8 април почнува приоритетната продажба на билети за четврт-финалниот натпревар од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и ПИК Сегед. Во пресрет на овој меч од РК Вардар ги информираат своите фанови за следните дејствија:
Сите сопственици на влезници од осмина-финалниот натпревар Вардар - ППД Загреб во следниот период ќе имаат можност истите да ги заменат со билети за четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед закажан за 25 април во Скопје во 20 часот.
Од понеделеник, 8 април па се до недела 14 април 2019 година ќе трае приоритетната замена на сезонските билети со влезници за четврт-финалниот натпревар во ЛШ. По истекот на овој период односно од 15 април сите билети кои нема да бидат заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Со приоритената замена на билети се здобивате со право да ги задржите истите места што сте ги имале на осмина-финалниот меч од Лигата на шампионите. Не е можно менување на местата, туку само задржување на истите за првиот меч од четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед
Цената на билетот за четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед ќе чини:
* 400 денари за местата на трибина
* 450 денари за А блоковите
Од 15 април ќе почне регуларна продажба на влезници за четврт-финалниот меч и ќе трае се до распродавање на капацитетот на салата во СЦ „Јане Сандански".
Приоритетната замена на билетите со влезници за четврт-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој ден (понеделеник - недела) од 10 до 18 часот.
Притоа ќе биде задолжително приложување и на билетот ос осмина-финалниот меч заради докажување на местото што сте го имале.
Повеќе информации околу замената може да се добијат на info@ticketplus.mk и на телефонскиот број + 389 2 2401 980
Сите што во овој рок нема да извршат замена на билетите, значи дека се откажуваат од тоа право, и истите ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Ново на Сител
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата