Свет
24. January 2019 - 12:45

Рјабков до САД: Да не ви падне на памет воена интервенција во Венецуела

 Воена интервенција на САД во Венецуела би претставувала катастрофално сценарио и Москва го предупредува Вашингтон да не презема такви чекори. Тоа го изјави денеска заменикот шеф на руската дипломатија Сергеј Рјабков за списанието Меѓународен живот.

– Додека ние ја следиме ситуацијата во Венецуела, гледаме напори на друпа држави меѓу кои и САД, дека користат разни платформи меѓу кои и Органзиацијата на американски држави, за вршење притисок врз нашата пријателска Венецуела со разни предлози, нагласува тој.

– Русија ја поддржува Венецуела и ќе ја поддржува и ќе биде на страната на одбраната на суверенитетот и принципите за немешање во внатрешните работи на една држава, додаде Рјабков.