Живот
12. April 2016 - 16:54

Ризична точка на литванско талент шоу

Многумина сакаат да гледаат талент-шоуа, бидејќи имаат можност да видат извонредни настапи, а ако се лоши, барем можат да се насмеат на илузиите кои некои луѓе ги имаат за своите способности.

Сето ова важи, ако со ваквите обиди за докажување не биде загрозен нечиј живот. 

Така, гледачите на литванското шоу „Суперталенти“ беа сведоци на настап, што навистина е тешко да се гледа, кој деновиве се шири низ социјалните мрежи. 

Во него самоуверен фрлач на ножеви ги покажува своите „вештини“. Откако му било тешко да ја погоди зголемената карта и лубеница, веројатно било време некој да го прекине, но тоа никој не го сторил, па тој го насочил ножот кон неговиот помошник.

Од сета оваа „манифестација на талент“ помошникот се здобил со неколку повреди, а ако се има предвид ваков фрлач на ножеви веројатно тоа бил негов среќен ден.