-->
-->
Ривалот на Меркел бара поголеми плати за германските работници
-->
Кандидатот за канцелар на наредните германски парламентарни избори на централно левичарска партија СПД Мартин Шулц во обид да освои поголема поддршка од германските гласачи денеска побара поголеми плати, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Иако на социјалните мрежи предлогот на Шулц се коментира како популизам затоа што во Германија платите на работниците се преговараат меѓу синдикатите и работодавците без инволвираност на владата сепак тој може да му донесе поени пред септемврискиот изборен судир со кандидатката за иден канцелар Ангела Меркел.
Во последната анкета спроведена од агенцијата ФОРСА за разлика од големата предност на ЦДУ/ЦСУ пред СПД трката меѓу Шулц и Меркел за канцелар е тесна и екс претседателот на Европскиот парламент иако не е фаворит има шанси да стане канцелар.
Еден од аргументите на Шулц за поголеми плати во приватниот и јавниот сектор е тоа што профитот на германските компании во последниве децении расте побрзо од примањата на вработените.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД