Ристовски:Јанева и Фетаи продолжуваат да прават циркуз од себе
Специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи со своето непознавање на правото и недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Република Македонија, рече на денешната прес-конференција Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Правната инфериорност и немањето докази доведоа до нова хистерична епизода на Јанева и Фетаи во која специјалните обвинителки наместо да го водат случајот решија да го блокираат, истакна тој.
Ваквото недолично однесување и непочит на Јанева и Фетаи и конечно СЈО кон Судот во Република Македонија, според Ристовски, е уште едно парче во мозаикот во кој се добива целата слика на Специјалното јавно обвинителство.
Тој посочи дека заканите преку лични навреди до судијата на Јанева, Фетаи и СЈО се идентични како и заканите на Зоран Заев кој на сите судии кои не судат по негова волја им вети дека ќе бидат сменети ако тој дојде на власт.
- Уште еднаш целата правна фела беше засрамена од непознавањето на законите и процедурите од страна на Јанева и Фетаи. Ова не е ништо ново имајќи предвид дека истите луѓе покажувајќи нула правна логика, етика, морал и интегритет го ослободија Зоран Верушевски и по вторпат го аболицираа Зоран Заев. Истото СЈО не процесуира ниту еден случај против член на СДСМ и служи за заплашување на сите кои му стојат на патот на Заев или се двоумат во извршувањето на неговите антидржавни и криминални наредби. СЈО не се бори против криминалот, туку се бори исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ рамо до рамо со аболицираниот криминалец Зоран Заев, рече Ристовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица