Македонија
5. November 2015 - 19:19

Ристовски во посета на Ветеринарниот факултет во Битола

Лабараторијата за генетика при Ветеринарниот факултет во Битола е доопремена со потребната опрема и комплетна.

За да може да почнат активностите за добивање на акредитација и ставање на лабораторијата на располагање на стопанството и институциите, тимот вработен во неа ќе се обучува во Институт за хигиена и контрола на месо во Белград.

Заменик министерот за образование потсети на можноста што ја дава МОН за субвенционирање на научни и творечки трудови објавени во меѓународни списанија со импакт фактор.

Владата на Република Македонија досега доделила осумстотини субвенции за научни и творечки трудови со цел да го развиен научно апликативниот аспект од работата на образовните институции во земјава.