Македонија
26. October 2016 - 18:43

Ристовски во посета на Теарце

Во општина Теарце денеска на средба со граѓани беше заменик-министерот за образование и член на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски. Целта, како што рече тој, е да се сподели се она што досега е реализирано и она што значи  приоритети по 11 декември за ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

- Во рамки на Министерството за образование односно на ресорот образование во последните десетина години од кога ВМРО-ДПМНЕ на еден начин е носечки столб на Владата на РМ се инвестирани 120 милиони евра во рамки на образовната инфраструктура, а во моментов околу 32 милиони евра се средства коишто се во фаза на инвестиции, фактички со коишто се работи, изјави Ристовски.

Според него тоа се видливи проекти, кои граѓаните на Република Македонија можат да ги видат и констатираат и очекува на 11 декември да стигне дополнителна потврда. 

- Очекуваме на 11 декември да стигне најголемата дополнителна потврда десетта јубилејна победа за ВМРО-ДПМНЕ со која што ќе се овозможи да се продолжат сите образовни реформи кои се започнати и да се продолжи со масовното инвестирање во рамки на подобрување на постојната и изградба на нова образовна инфраструктура