Ристовски во посета на Теарце
Во општина Теарце денеска на средба со граѓани беше заменик-министерот за образование и член на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски. Целта, како што рече тој, е да се сподели се она што досега е реализирано и она што значи приоритети по 11 декември за ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.
- Во рамки на Министерството за образование односно на ресорот образование во последните десетина години од кога ВМРО-ДПМНЕ на еден начин е носечки столб на Владата на РМ се инвестирани 120 милиони евра во рамки на образовната инфраструктура, а во моментов околу 32 милиони евра се средства коишто се во фаза на инвестиции, фактички со коишто се работи, изјави Ристовски.
Според него тоа се видливи проекти, кои граѓаните на Република Македонија можат да ги видат и констатираат и очекува на 11 декември да стигне дополнителна потврда.
- Очекуваме на 11 декември да стигне најголемата дополнителна потврда десетта јубилејна победа за ВМРО-ДПМНЕ со која што ќе се овозможи да се продолжат сите образовни реформи кои се започнати и да се продолжи со масовното инвестирање во рамки на подобрување на постојната и изградба на нова образовна инфраструктура
Ново на Сител
-
Полицијата пронашла 31 дете во куќа во Брчко, уапсени три лица за трговија со луѓе
-
Мицкоски во Неготино
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда од куќа и се здобил со тешки телесни повреди
-
Не застанале на знак за сопирање од страна на полиција, и притоа фрлиле марихуана од возилото во движење, кривична за две лица
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ