Ристовски: Следува најдоброто од Македонија
„Знаевме дека нè очекува потежок натпревар од натпреварот со Словенија. Чувствувавме дополнителен притисок бидејќи победата во овој натпревар овозможуваше да пренесеме два бода во втората фаза што би било првпат за Македонија“, изјави Борко Ристовски, по победата на ракометната репрезентација Европското првенство (ЕП) коешто е во тек во Хрватска, против Црна Гора со 29-28.
За него воопшто не е важно кој ќе има одбраната или голот на натпреварот, важно е да се игра како тим и да се стигне до победата. „Не е важно кој ја има најважната одбрана, важно е да се победи во секоја пригода. Мило ми е што навивачите ни ја даваат оваа поддршка и заедно со нив се изборивме за оваа многу важна победа. Полека со Раул на чело стануваме доста интересна репрезентација која игра како тим, и верувајте ова е само почеток од Македонија“, рече Ристовски.
Следниот натпревар Македонија го игра на 17 јануари од 18.15 часот против Германија, каде ќе се обиде да стигне до третата победа во групата Ц.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени