Македонија
31. August 2016 - 16:19

Ристовски: Се е подготвено за стартот на учебната година, летово обновени 60 училишта

Се е подготвено за успешен старт на учебната година за 190 000 основци и 80 000 средношколци во земјава. Се врши редовна дистрибуција на нови учебници во средните и основните училишта, како замена за оштетените, а паралелно се врши достава и на учебници работени според Меѓународниот центар за наставни програми на Униврзитетот во Кембрич, за 7-мо до 9-то оддление по математика и природни науки, истакна заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

-Со ова ја заокружуваме реформата за целокупно реформирање на математика и природни науки во основно образование-изјави Спиро Ристовски, зам. министер за образование.

Во текот на летниот период 60 училишта се санирани, доградени и реконструирани, а расчистени и дезинфецирани се и образовните институции во поплавените подрачја.

-Очекувам и поплавените региони, нормално со извесна мала динамика и толернација во однос на актуелната состојба што им се сслучи на тие семејства, во наредните денови да се нормализираат и тие училишта ги прифатат учениците и целосно да продолжи да се одвива нормално наставно-образовниот проецес во овие училишта- додаде Ристовски.

Заменик министерот денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новото спортско игралиште до салата „Јордан Мијалков“, комплетна инвестиција на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ во висина од 200 000 евра. Спортскиот комплекс освен за потребите на УГД е ставен на располагаѓе и за останатите граѓани.