Македонија
26. August 2015 - 16:51

Ристовски: Политиката да ги тргне рацете од образованието - За проблемите се води континуиран дијалог

Отсуството на политичко влјиание е единистевниот услов за мирна учебна година без протести и турбуленции . Заменик министерот Спиро Ристовски очекува политичките партии да ги тргнат рацете од образованието со што би се овозможило непречено и редовно оддржување на наствата. За проблемите во секторот, континуирано  се разговара со сите засегнати страни а дискусите ќе продолжат се до оној момент додека да се најде заедничко прифатливо решение за сите.

- Оваа учебна година треба да биде година кога пред и над се ќе бидат тргнати рацете на политиката од образованието. Образованието мора да биде надвор од дневно-политичките интереси на партиите и искрено очекувам дека следнава година ќе имаме поголем број дискусии, но не очекувам да ни се случуваат турбуленции доколку политичките партии ги тргнат рацете од образованието и тоа не се злоупотребува за дневно-политички поени.

Новата учебна година пак, со нови униформи ќе ја почнат 6000 основци од скопски Аеродром .Ова е втора година како општината ја спроведува оваа акција за која одвои 8 милиони  денари.

- Целта на оваа наша активност е децата да бидат еднакви во облекувањето и подобро да се фокусираат на воспитно образовниот процес.

Надлежните предлагаат примерот на Аеродром да го следат и другите општини, бидејќи унифицираноста на облеката во училиштата е пракса која се случува во секоја развиена земја.