Македонија
3. December 2015 - 8:41

Ристовски ќе присуствува на тактичко показна вежба за кризни состојби

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ќе присуствува на тактичко показна вежба за кризни состојби во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје.

Тактичко показната вежба е дел од заедничките проектни активности на Министерството за образование и наука, Град Скопје, Центарот за управување со кризи и УНДП за подигнување на подготвеноста на учениците за справување со елементарни непогоди и кризни состојби.