Ристоска откако не беше избрана за виш јавен обвинител: Разочарана сум од одлуката на Советот
Oбвинителката Ленче Ристоска во изјава за 360 степени не го криеше своето разочарување од одлуката на Советот на јавни обвинители. Посакува барем да имало образложение зошто членовите на Советот гласале така како што гласале.
„Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување“, вели таа.
Додава дека ќе беше убаво да ги слушневме и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука.
Обвинителите од поранешното СЈО, Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, како и обвинителките Катерина Коларевиќ и Наташа поп Трајкова, ќе бидат обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Имено, петмина од вкупно 14 јавни обвинители кои се пријавиле на огласот за обвинители во ОЈО ГОКК, се избрани од Советот на јавни обвинители за тоа обвинителство.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно