Фудбал
9. November 2016 - 15:30

Рисовите тренираа на Филип Втори

Македонската фудбалска репрезентација денеска наместо во Н.Лисиче тренираше на Филип Втори и тоа точно напладне. По краткото загревање репрезентативците ги воигруваа тактичките задачи поставени од селекторот Игор Ангеловски кој пред стартот на тренингот одговараше на прашањата на новинарите:

„ По вчерашното врнежливо време мислам дека денеска имаме одлични услови за тренинг. Добро е што сите играчи се во добра здравствена кондиција и подготовките течат во најдобар ред. Ние правиме редовни анализи на играта на противникот, воочуваме слабости и се подготвуваме со желба да ги искористиме и во што подобро светло се претставиме во Гранада против Шпанија која секако е голем фаворит. Добро се вклопуваат и играчите од младата репрезентација кои и порано добиваа повик од мене во А-тимот и очекувам на завршните тренинзи во Шпанија каде патуваме утре да ја добиеме посакуваната формација за овој тежок квалификациски дуел“ изјави Ангеловски.