Фудбал
21. March 2016 - 18:24

„Рисовите“ стартуваа со подготовките во Словенија

Македонската фудбалска репрезентација стартуваше со подготовките за пријателскиот дуел со Словенија во среда во Копер (18ч). 

На националниот тим повторно по двеиполгодишна пауза му се приклучи Горан Пандев кој последниот меч го одигра против Данска во Скопје кога на пријателски дуел славевме со 3-0 а Пандев беше стрелец на еден погодок. 
Селекторот Игор Ангеловски подготовките ќе ги спроведе во Порторож каде ќе се одржат два тренинзи. 
Според информациите од нашиот камп сите повикани играчи ќе се стават на располагање на селекторот Ангеловски.