Фудбал
4. October 2017 - 10:47

„Рисовите“ отпатуваа за Торино

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Торино каде в петок против Италија ќе го одигра натпреварот од претпоследното квалификациско коло за пласман на Светското првенство во Русија.
 
„Имаме квалитет, во последната година одигравме неколку одлични натпревари против силни репрезентации, така што мислам дека и на Италија не ѝ се однапред запишани бодовите од натпреварот во петок. Тие само теоретски можат до првото место во групата и затоа сметам дека растоварени ќе влезат во дуелот. За нас е важно што ќе имаме можност да уживаме во пресметката, среќни сме што играме за репрезентацијата и ќе го дадеме максимумот. Не одиме на прошетка туку да се обидеме да оствариме позитивен резултат“, изјави на последниот тренинг голгетерот на Палермо Илија Несторовски.
 
Првиот натпревар помеѓу двете репрезентации во квалификациите се одигра на 9 октомври минатата година и заврши со победа на Италија 2:3. Македонија имаше предност, 2:1, со головите на Несторовски и Трајковски, до 75. минута, кога израмни Чиро Имобиле, а истиот играч во 92.минута го постави конечниот резултат.