Спорт плус
7. August 2016 - 18:06

Рио 2016: Жанг го донесе првото злато за Кина

Првиот златен медал за Кина на Игрите во Рио денеска го освои Менгксуе Жанг со триумфот во стрелаштво во дисциплината воздушен пиштол 10 метри. Таа имаше најдобар резултат по финалето и погодени вкупно 199.4 кругови. Сребрениот медал го освои Виталина Бацарашкина од Русија, која имаше 197.1 кругови, додека бронзата и припадна на Ана Кораки од Грција со 177.7 кругови.
Ова беше првата финална дисциплина на вториот натпреварувачки ден, а ќе бидат доделени вкупно 13 комплети медали.