Спорт плус
9. August 2016 - 10:25

Рио 2016: Три репрезентации со по две победи на ватерполо турнирот

 
По комплетирањето на второто коло во групната фаз, само три репрезентации забелеќаа по две победи на машиот ватерполо турнир. 
 
Во групата А, тоа е селекцијата на домаќинот Бразил која во 2.коло славеше победа со 16-9 над Јапонија. Другите два натпревари завршија со идентичен резултат 9-9 и тоа средбите Србија - Грција и Унгарија – Австралија. 
 
На табелата води Бразил со максимални 4 бода пред Грција со 3, додека Србија и Унгарија имаат по 2, Австралија 1, а Јапонија е без освоен бод (0).
 
Во групата Б, дербито меѓу Хрватска и Црна Гора го добија Хрватите минимално со 8-7, додека Италија до втората победа стигна со триумфот над Франција од 11-8. Американците и по втор пат се совладани во неизвесен меч, овојпат од Шпанија со 10-9.
 
На табелата водечки се Италија и Хрватска имаат по 4 бодови, Црна Гора и Шпанија по 2, а САД и Франција се без бод (0).