Спорт плус
11. August 2016 - 13:31

Рио 2016: Шпанија го совлада олимпискиот првак Хрватска

Олимпискиот шампион Хрватска го претрпе првиот пораз на Игрите во Рио откако во рамките на 3.коло загуби од Шпанија. Без победа по третото коло е уште светскиот и европски шампион Србија.
Со максимален учинок се репрезентациите на Бразил, која е предводена од Ратко Рудиќ и на Италија.
Резултати трето коло:
А група: Грција – Унгарија 8:8, Австралија – Јапонија 8:6 и Бразил – Србија 6:5.
Табела: Бразил 6 бодови, Грција 4, Австралија 3, Унгарија 3, Србија 2, Јапонија 0.
Б група: Црна Гора – Италија 5:6, Франција – САД 3:6 и Шпанија – Хрватска 9:4.
Табела: Италија 6, Шпанија 4, Хрватска 4, Црна Гора 2, САД 2, Франција 0.