Спорт плус
19. August 2016 - 11:52

Рио 2016: Ракометарките на Франција и Русија во дуел за златото

 Ракометарките на Франција и Русија ќе се борат за најсјајното одличје, златото, на Олимписките игри во Рио. 
 
Французинките со победата во полуфиналето над Холандија 24-24 (полувреме 17-13) и самиот пласман во големото финалето веќе обезбедија медал и тоа за прв пат во историјата. Досега најголем успех на „триколорките“ беше четвртото место на Олимпијадата во Атина 2004 година. 
 
Новните противнички Руснките во полуфиналето ја совладаа селекцијата на Норвешка дури по продолжението со 38-37 откако регуларниот дел заврши нерешено 31-31. Со оваа победа Русинките ги не им дозволија ракометарките од Норвешка да стигнат и до третата титула олимписки шампион во низа.
 
Распределбата на медали на женскиот олимписки ракометен турнир на програмата е утре. Дуелот за бронзата Холандија - Норвешка од 16:30 часот, а за златото од 20:30 часот ќе се борат Франција и Русија.