Спорт плус
9. August 2016 - 10:15

Рио 2016: Прв медал за домаќинот Бразил и тоа злато

 Домаќинот на ЛОИ Бразил го освои првиот медал и тоа златен. За големата радост на Бразилците се погрижи џудистка Рафаела Силва.
 
Во тешка борба во финалето во категоријата до 57 килограми 24-годишната Силва, инаку родена во Рио, ја победи Сумија Доржсурен од Монголија. Поранешна светска шамионка од 2013 година Силва во финалната борба на поени славеше минимално со 2:1.
 
- Пресреќна сум, за ова живеев. Од „фавела“ стигнав до олимпиското злато. Ова е речиси необјасниво. Сите деца во Бразил имаат ист сон, сакаат да бидат спортски јунаци. Овој медал го посветувам на сите Бразилци, изјави новата олимписка шампионка Рафаела Силва.
 
Со пласманот во полуфиналето, Јапонката Каори Мацумото и Телма Монтеиро од Португалија го освоија бронзениот медал.