Спорт плус
20. August 2016 - 12:10

Рио 2016: Продолжува руската доминација во синхроно пливање

Рускиот тим во синхроно пливање ја продолжи доминацијата на Летните олимписки игри откако во Рио по петти пат по ред се најдобри и го освоија златениот медал.
Второт место и припадна на селекцијата на Кина, а трета завршиу Јапонија.

Доминацијата на Рускинките беше евидентна, а успеаја од судиите да добијат и неколку највисоки оценки.