Спорт плус
9. August 2016 - 10:16

Рио 2016: Продолжува кинеската доминација во скокови во вода

Натпреварувачите од Кина ја продолжуваат доминацијата на ОИ во Рио, кога во прашање се натпреварите во синхронизирани скокови во вода. 
 
Откако Кинезите, Макнкџиа и Тингмано победија во скокови од даска од 3 метри, тоа го сторија и нивните сонародници Чен Аисен и Лин Јуе со скоковите од 10 метарска платформа. 
 
За својата изведба, како и тежината на скоковите кои ги првеа, тие заработија убедливо најмногу бодови од судиите (451,98), оставајчи ги далеку зад себе конкурентите, Американците Давид Будиа и Стили Јон (457,11 бодови) кои се закитија со среброто. Бронзата ја освоија Томас Далу и Даниел Годфилоу кои собраа 444,45 бодови. 
 
Потсетување дека кинеските натпреварувачи во осумте финални дисциплини во скокови во вода пред четири години во Лондон освоија шест злата, во Пекинк седум, а во Атина шест најсјајни олимписки одличја.