-->
-->
Рио 2016: Подиганто македонско знаме во олимпиското село
-->
Во присуство на дел од македонскиот олимписки тим, амбасадорот на Република Македонија во Бразил, г-дин Ивица Боцевски и шефот на македонската олимписка делегација Владимир Богоевски во олимпиското село во Рио де Женеиро беше подигато македонскот знаме.
Синоќа пристигна и поголемиот дел од македонскиот олимписки тим, кој на 2.август од Скопје замина за олимпискиот град. Прва од САД во Рио пристигна пливачката Анастасија Богдановски, која на церемонијата на свеченото отворање утре вечер ќе го носи македонското знаме.
Последен во Рио ќе пристигне Марко Блажевски утре (5.август) околу пладне. Македонија на 31.те Олимписки игри во Рио ќе биде претсавувана од шест спортисти покрај пливачите Богдановски и Блажевски ќе се натпреваруваат уште атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами, џудистката Катерина Николоска и Нина Балабан во стрелаштво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење