Спорт плус
16. August 2016 - 20:22

Рио 2016: Перковиќ „златна“ и со едно фрлање

Хрватската атлетичарка Сандра Перковиќ го одбрани златниот медал од Лондон откако имаше најдобро фрлање во финалето во дисциплината диск. Таа имаше само едно успешно фрлање – 69.21 метри (трета серија). Место на подиумот изборија: Мелина Роберт Мишо (Франција) – сребро и Денија Кабаљеро (Куба) – бронза.
На втората финална атлетска дисциплина одржана денеска во трискок кај мажите победа „1-2“ за Американците. Златен медал освои Кристијан Тејлор со најдолгиот негов трискок оваа година – 17:86 метри, а сребрен заврши Вил Клај со должина од 17.76 метри. Бронзата му припадна на Бин Донг од Кина, кој имаше должина од 17.58 метри.