Спорт плус
17. August 2016 - 20:23

Рио 2016: Ново злато за Кенија на 3.000 стиплчез

Атлетичарот од Кенија Консеслус Кипруто го освои златниот медал во трката на 3.000 метри стиплчез. Тој патеката ја истрча за 8:03.28 минути што е нов олимписки рекорд. Со оваа негова победа продолжи доминацијата на кениските атлетичари во оваа дисциплина. 
Американецот Иван Џегер го освои сребрениот медал, додека бронзата му припадна на олимпискиот шампион од Лондон, Езекиел Кембои од Кенија.
На атлетските натпревари на програмата се уште три финални дисциплини: скок во далечина; 200 метри и 100 метри со пречки сите во женска конкуренција.