Тенис
12. August 2016 - 11:07

Рио 2016: Надал против Белучи во четвртфиналето

По еден ден пауза (поради дожд) на тениските терени продолжија возбудувањата. Мажите ги одиграа мечевите од осминафиналето, додека кај жените се играа мечевите од четвртфиналето.
Пласман во завршницата кај мажите од фаворитите за медал изборија: Рафаел Надал, Енди Мареј, Кеи Нишикори, Хуан Мартин дел Потро, додека кај жените во борбата за медалите останаа: Петра Квитова, Моника Пуиг, Медисон Кејс и Анжелик Кербер.
 
Денеска се играат четвртфиналните мечеви кај мажите, а двојките се:
Хуан Мартин дел Потро – Роберто Баутиста,
Рафаел Надал – Томаш Белучи,
Гаел Монфис – Кеи Нишикори и
Стив Џонсон – Енди Мареј.
Во полуфиналето кај жените ќе играат:
Квитова – Пуиг и
Кејс – Кербер.