Спорт плус
14. August 2016 - 9:54

Рио 2016: Мајкл Фелпс со залато, рекорд и солзи ја заврши олимписктата кариера

 
 
Американецот Мајкл Фелпс ја заврши својата олимписка кариера освојувајќи златен медал и тоа со нов Олимписки рекорд. 
 
Фелпс беше дел од Американската штафета која победи во трката на 4х100 м. мешано со време од 3:27.95 миниути што е нов Олимписки рекорд. 
 
Фелпс во олимписка „пензија„ заминува како најуспешен спортист на сите времиња со вкупно освоени 28 медали од кои дури 23 златни, почнувајќи од игрите во Сиднеј 2000-та па се до овие во Рио 2016 година.